Изминал 60 километри сам, за да се врати дома – Приказната за ова изгубено куче ќе ве остави со солзи во очите

Сопственик на куче го заборавил своето милениче на бензинската пумпа, но по 26 дена и минати 60 километри далеку од домот, тоа се вратило во својата куќа.
Кучето Доу Доу, инаку на возраст од седум и пол години, случајно го оставиле на бензинска пумпа во Кина. Семејството дури по неколку часа забележало дека тој не е во автомобилот. Потоа, животното речиси цел месец се обидувало да стигне до сопственикот, кој сепак, признава дека изгубил надеж дека некогаш пак ќе го види своето куче.


Кога се вратило дома, миленичето било целосно исцрпено и валкаво. Кију, сопственикот на кучето, изјави дека претпоставувал дека Доу Доу останал во автомобилот додека тој и неговата сопруга го барале детето, кое претходно за кратко се изгубило. Следниот ден се вратиле да го земат кучето на бензинската пумпа и го барале миленичето два часа, но се откажале.
Се надевавме дека преживеало и дека го посвоил некој човек со добро срце, вели Кију за „Кијунжијанг њуз“.
Кога Доу Доу се ​​појавил на прагот по речиси еден месец, бил непрепознатлив. – Имаше изгубено тежина, но сепак беше оној стариот. Тоа се забележуваше во неговите очи. Тој сјаеше, додаде Кију.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.