Изминатото деноноќие произведени се 17.904 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 04.01.2023 година произведе 17.904 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 8.179 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 9.725 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.000 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

  • Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 04.01.2023 година.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.