Азиската култура е позната по честото користење ориз. Оваа житарка се смета за симбол на жената и плодноста кај нив.
Но придобивките од оризот не се само од нутритивна природа. Азиските жени долго го користат и за нега на косата, односно за да го поттикнат нејзиното растење, сјај и здравје.
Станува збор за метод на измивање на косата со вода во која претходно отстоил ориз.
Оризовата вода е преполна со антиоксиданси, минерали, витамини Б и Е, како и аминокиселини, кои заедно се одлична комбинација за здравје, убавина и квалитет на косата.
Азијките тврдат дека оризовата вода ги има следниве дејства на косата:
Ја зголемува еластичноста и го спречува кршењето на влакната
View this post on Instagram
Го подобрува сјајот
Помага за полесно расчешлување
Влијае врз побрз раст
Ги зајакнува влакната
Многу жени го испробале овој метод и ги споделиле своите искуства на Интернет по првото користење.
Процесот на измивање на косата со оризова вода и сличен на користењето која било друга маска за коса, но потребно е помалку време.
Прво, треба да направите оризова вода. Измијте шолја ориз со вода, па потопете го во две-три шолји чиста вода и оставете го да стои 30 минути. Процедете ја оризовата вода во чист сад.
Измијте ја косата на вообичаениот начин, а потоа сипете ја оризовата вода на целата коса и втријте ја во скалпот. Оставете ја да стои 20 минути, а потоа измијте ја со топла вода.