Изненадувачки но Србија и Македонија имаат најмногу резерви на злато на Балканот

Изненадувачки но Србија и Македонија имаат најмногу резерви на злато на Балканот

Србија за една година ги зголемила своите резерви на злато за повеќе од 10 тони и во моментов има 31.3 тони во вредност од 1,66 милијарди евра, додека Хрватска, нема ни грам. Од друга страна, некои земји во регионот го користеа своето злато како залог за заем.

Бугарија има 40 тони во златни резерви. Грција има дури 114 тони злато во резерва…

Податоците од World Gold Council (Светски совет за злато), најточна база на информации за резервите по земји, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот – 6,9 тони. Следува Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато залоено за кредит. За Хрватска, бројката е нула.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.