Изненадување – Клинт Иствуд ги поддржува еднополовите бракови

Легендарниот американски актер и режисер Клинт Иствуд се придружи на поднесокот на 130-те умерени републиканци со кои се заговара легализација на истополовите бракови пред Врховниот суд на САД, пишува во петокот The Los Angeles Times.

 Американскиот Врховен суд кон крајот на март треба да ја донесе одлуката за уставноста на ткн Предлог 8 од уставниот амандман со кој во американската сојузна држава Калифорнија се забранети бракови склучени меѓу лица од ист пол.
Меѓу потписниците на поднесокот со којашто се бара отфрлање на Предлогот 8 се наоѓаат и поранешни американски министри од администрацијата на поранешниот претседател Џорџ в. Буш, како и поранешни републикански гувернери.
Американскиот Врховен суд на 26-ти март ќе ги сослуша аргументите во овој случај, а четвртокот беше последниот ден за противниците и поборниците на Предлогот 8 за поднесување на поднесоци. Американското министерство за правосудство, исто така, го повика Врховниот суд да ги одобри истополовите бракови во сојузната држава Калифорнија.
Потписот на Клинт Иствуд на поднесокот го предизвика вниманието на американските медиуми. Тој инаку важеше за еден од таканаречените „тврдолинијаши” меѓу републиканците. Славниот актер минатата година учествуваше на конвенцијата на републиканската партија на којашто Мит Ромни беше избран за партиски претседателски кандидат, при што изведе перформанс во кој и' викаше на празната столица којашто го претставуваше претседателот Барак Обама, кој покрај другото во кампањата по која го доби вториот претседателки мандат се залагаше и за легализација на истополовите бракови. Овој настап на Иствуд стана едена од главните теми на американските претседателски избори минатата година, и предизвика многу негативни коментари на сметка на актерот.
Потпишувањето на поднесокот го организираше Американската фондација за човекови права (AFHR). Меѓу потписниците од редовите на републиканците се наоѓаат и некои кои претходно жестоко се опираа на идејата за истополовите бракови, но откако некои сојузни држави во САД ги озаконија, тие, како и многу Американци, ги преиспитаа своите ставовите и заклучиле дека нема легитимен, врз основа на факти утврдена причина поради којашто на еднополовите двојки би им било скратено законското право на признавање какво што го имаат хетеросексуалните двојки”, заклучува весникот.
Макфакс
Легендарниот американски актер и режисер Клинт Иствуд се придружи на поднесокот на 130-те умерени републиканци со кои се заговара легализација на и

Пронајдете не на следниве мрежи: