Изработен првиот елетромотоцикл на ЗД печатач: Потребни биле три дена и 2.600 долари

Компанијата „БигРеп“ го произведе првиот елктромотоцикл изработен со помош на 3Д печатач, јави Би-Би-Си.
Мотоциклот се состои од 15 делови, од кои само моторот и акумулаторот не се изработени со 3Д печатачот.
Директорот во компанијата Штефан Бајер информира дека новиот елетромотоцикл бил изработен за три дена и дека трошоците за негово производство изнесуваат 2.600 американски долари.


-ЗД печатачот ни овозможува да ги надминеме ограничувањата и да изработиме апсолутно нови карактеристики и дизајн. Ќе беше невозможно да го изработиме нашиот мотоцикл со традиционалните методи, додаде Бајер,
Компанијата „БигРеп“ е специјализирана за изработка на уреди и апарати со 3Д печатачи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.