Во напад на израелската авијација врз Кан Јунис во јужниот дел на Газа, загина висок политички функционер на Хамас, Салах ал-Бардавел. Ова го потврдија и извори од Хамас, како и палестински медиуми во раните часови утрово. Според информациите кои ги пренесуваат медиумите наклонети кон Хамас, при нападот животот го загубиле и Бардавел и неговата сопруга. Израел непрекинато продолжува со интензивни напади на Газа, обвинувајќи го Хамас за прекршување на примирјето. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека главната цел на војната е да се уништи Хамас како воена и владејачка формација, со намери да ги ослободи останатите заложници. Во нападите на Израел во вторникот, меѓу загинатите беа и шефот на владата на Хамас Есам Аделес, како и шефот за внатрешна безбедност Махмуд Абу Ватфа, заедно со бројни други официјални лица. Палестинските здравствени власти соопштуваат дека најмалку 400 лица го изгубиле животот тој ден, од кои повеќе од половината биле жени и деца.
The post Израелската армија изврши операција против лидер на Хамас appeared first on 365.mk.