Израелската армија им порача на жителите јужно од Бејрут да се евакуираат пред нападите

– Израелската армија денес издаде нова наредба за евакуација на жителите во јужното предградие на Бејрут, како подготовка за напади врз, како што вели, објектите на Хезболах.Портпаролот на армијата Авичај Адраи им нареди на жителите на областите Чуаифет Ел-Аамрусие и Гобеири да заминат и да се оддалечат најмалку 500 метри од зградите во повеќе области.Адраи приложи мапа на зградите, велејќи дека „ќе се дејствува со сила“ против, како што ги нарече, средствата и интересите на Хезболах во областа.Израелската армија постојано издаваше наредби за евакуација на цивилите во неколку области низ Либан од почетокот на нејзината воздушна кампања врз земјата во септември.Израел изврши воздушни напади врз Либан против, како што тврди, локации на групата Хезболах, а тоа претставува ескалација од едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и либанската група од почетокот на бруталната израелска офанзива во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.Според либанските здравствени власти, повеќе од 3.360 луѓе се убиени, над 14.300 се повредени, а повеќе од еден милион луѓе се раселени поради израелските напади од октомври минатата година.Израел го прошири конфликтот со започнување упад во Јужен Либан на 1 октомври оваа година.

Пронајдете не на следниве мрежи: