ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ОБЈАВИ ВИДЕО: Еве како борбени авиони го бомбардираа воениот штаб на Хамас и БАНКАТА која ги финансираше

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја објавија најновата снимка од војната во Појасот Газа, од каде припадниците на палестинската екстремистичка организација Хамас извршија напад на југот на Израел на 7 октомври.

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ОБЈАВИ ВИДЕО: Еве како борбени авиони го бомбардираа воениот штаб на Хамас и БАНКАТА која ги финансираше

Заедно со видеото кое беше објавено на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), се наведува дека „нападот го извршиле борбени авиони на ИД“.

Израелската армија соопшти дека „погоден е воениот штаб на Хамас и неутрализиран воен оперативец на Хамас“.

Се наведува дека била погодена и „банка која се користела за финансирање терористички активности на Хамас во Појасот Газа“.

Израелската армија објави дека синоќа од воздух биле погодени повеќе од 200 цели поврзани со припадниците на Хамас и Исламскиот џихад во Појасот Газа, а морнарицата извршила и напади врз командните центри и магацините за оружје во палестинската енклава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.