Израелската војска денес соопшти дека ќе отвори коридор за Палестинците во Појасот Газа за да побегнат на југ поради воената офанзива во приморската територија.
- Приведено лице барано со потерница
- Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест
- Еве дали кафето со млеко има негативни или позитивни ефекти врз нашето здравје
- Германија ја зголемува цената на јавниот превоз
- Партијата на Шолц СПД уверува: Неговата кандидатура за нов мандат не е под знак прашање
- Само вчера два напади во Градски парк
- Володимир: Никој не знае што му е на ум на Путин
- (Видео) ГОРИ ХЕМИСКА ФАБРИКА ВО САД: Се евакуира населението, десетина завршиле во болница
- ЕУ: Тирана кон првиот кластер, Скопје во лер
Авичај Адрае, портпарол на армијата, на арапски јазик рече дека на цивилите ќе им биде дозволено да се движат преку автопатот Салахудин од 10:00 до 14:00 часот по локално време.
„За ваша безбедност, искористете го времето и тргнете кон југ од другата страна на Вади Газа“, рече портпаролот.
Израелската војска предупреди 1,1 милион луѓе што живеат во северниот дел на Појасот Газа да се евакуираат кон југ поради проширувањетo на нејзините операции во северниот дел на блокираната енклава.
Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Најмалку 9.770 Палестинци загинаа во израелските бомбардирања врз Појасот Газа. Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е скоро 1.600.
Покрај големиот број жртви и масовните раселувања, основните резерви се при крај за 2,3 милиони жители на Газа поради израелската опсада.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.