Израелската полицајка која утрово беше нападната со нож во Ерусалим – почина!

Беше нападната од 16-годишен Палестинец пред полициска станица во Источен Ерусалим, кој Израел го анектираше откако го освои во Шестдневната војна во 1967 година.

Во соопштението полицијата наведува дека „терористот е неутрализиран“.

Полицајката (20), која има и американско државјанство, се преселила во Израел пред две години и живеела во кибуц во близина на границата на Појасот Газа во област нападната од членовите на исламската екстремистичка група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, убиени се 59 израелски полицајци, објавија израелските медиуми

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.