Израелски снајперист објави фотографија со палестинско дете на нишанот

Израелски снајперист предизвика контроверзи, шок и згрозување ширум светот откако на онлајн сервисот Инстаграм објави фотографија на која може да се види како држи на нишан палестинско дете.

Откако фотографијата го обиколи целиот свет и предизвика бурни реакции, 20 годишниот снајперист Мор Островски ја тргна фотографијата.
Израелската војска се огради од постапките на овој војник и нареди целосна истрага во врска со овој инцидент.
„Вака изгледа окупацијата. Вака изгледа воената контрола над цивилното население”, изјавија претставници на организацијата Breaking the Silence, група ветерани на израелската војска која се обидува да ја подигне свеста на јавноста за тоа што всушност се случува на тоа подрачје”, пренесува АБЦ.
Островски по бришењето на фотографијата го избришал и својот профил на Инстаграм.
Макфакс
Израелски снајперист предизвика контроверзи, шок и згрозување ширум светот откако на онлајн сервисот Инстаграм објави фотог

Пронајдете не на следниве мрежи: