Израел е во вонредна состојба поради КОРОНА ВИРУСОТ

Израел е во „вонредна состојба“ поради КОРОНА ВИРУСОТ рече Нетанјаху на владина седница

„Ние сме среде нов напад со корона. Епидемијата е многу силна, во целиот свет и во нашата земја“ рекол на владина седница Нетанјаху. Притоа нагласил дека мора да се преземат ригорозни мерки или многумина ќе починат од последици поврзани со КОРОНА ВИРУСОТ.

„Ако не го запреме ширењето на вирусот, нема да имаме ниту здравје, ниту економија…“ додал Нетанјаху.

Израел досега има скоро 30 илјади заразени од кои над 330 починаа. Се очекува на наредната седница Владата на Израел да донесе нови рестриктивни мерки во обид да се сузбие вирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.