Шест ракети се истрелани од Појасот Газа кон Израел, а повеќето од нив се пресретнати од системот за воздушна одбрана „Железна купола“.
- Полицијата го потврди настанот – Сашко Коцев со својот автомобил удрил полицаец
- IQ тест: Поместете само 2 стапчиња за да добиете 8 квадрати, решете го проблемот за 16 секунди
- Трамп потпиша серија нови одлуки: Трансродовите воени трупи стануваат минато, ја сака и американската „Железна купола“
- Уапсени насилниците кои во Нови Сад со палки тепаa студенти, тешко повредија девојка
- Иранскиот министер: Наместо Палестинците во Јордан и Египет, испратете ги Израелците на Гренланд
Израел денеска започна воздушни напади врз цели во Појасот Газа, откако се истрелани ракети од територијата кон Израел, јавуваат локалните медиуми врз основа на израелските соопштенија.
Повикувајќи се на армискиот портпарол, весникот „Ерусалим пост“ објави дека Израелската армија гаѓала објект за производство на оружје на палестинската група Хамас рано утрово.
„Шест ракети се истрелани од Појасот Газа кон Израел, а повеќето од нив се пресретнати од системот за воздушна одбрана „Железна купола“ во средата“, додава весникот.
Претходно вчера, израелските сили извршија рација на Наблус, во северниот дел на Западниот Брег, од неколку точки.
Обиколувајќи куќа во историскиот Стар Град, војниците употребија жива муниција против Палестинците кои протестираа против рацијата, убивајќи најмалку 11 цивили, меѓу кои и едно дете, а повредија над 100.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.