недела, 15 ноември 2026
Најново

Таравари: Мицкоски беше против Коридорот 8 и Договорот од Преспа, но ги прифати! Ќе ги прифати и уставните амандмани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за здравство и дел од коалицијата Вреди, Арбен Таравари денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека премиерот Христијан Мицкоски имал забелешки против Коридорот 8 и Договорот од Преспа, но ги прифатил, па така и ќе ги прифати уставните измени.

„Дали беше против Коридорот 8 или денес на Коридорот 8 се работи поенергично од кога било досега. Да ви кажам, Договорот од Преспа, и таму имаше противење, но денеска го прифати. Третата работа што треба да ја направи господинот Мицкоски, се надевам дека ќе ја направи… Ме радува што е 100% убеден дека дефинитивно треба да тргнеме на патот кон ЕУ“, рече Арбен Таравари.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во однос на дадениот рок од шест месеци за уставни измени, Таравари побара да им се даде една година:

Таравари: Дали уставните измени биле ветени и претходно? 2014, 16, 17, 20?

 

Модератор: Да.

Таравари: Па дајте ни 1 година, на нив им дадовте 10 години.

Модератор: Ќе ви дадеме и 2 години, но вие самите рековте 6 месеци.

Таравари: Не, нашето инсистирање е постојано дека уставните измени треба да се случат што е можно побрзо.

Поврзани вести