Израел нареди продолжување на воениот копнен упад во Либан

Началникот на Генералштабот на израелската Армија, Херзи Халеви, одобри продолжување на копнениот напад на југот на Либан, објави во неделата државната телевизија КАН.Израелската војска започна ограничени, локализирани и насочени копнени напади врз јужен Либан на 1 октомври, неколку дена по започнувањето на интензивните воздушни напади врз цели за кои тврдеше дека се позиции на Хезболах.Израел го интензивираше конфликтот на 1 октомври оваа година со напади врз јужен Либан.Најмалку 3.100 луѓе се убиени, а околу 13.800 се повредени во израелските напади од октомври минатата година, објавија либанските здравствени власти.

Пронајдете не на следниве мрежи: