Главниот град на Австрија би можело да биде домаќин на Евросонг догодина, иако Израел победи на годинашниот Избор за песна на Евровизија, шпекулираат австриските медиуми.
Веднаш по победата на Нета со песната „Toy“ имаше противење Израел да биде домаќин на шоуто од безбедносни причини.
Уште тогаш се спомнуваше Австрија, чиј претставник Цесар Сампсон го освои третото место, а според гласовите на жирито првото, како можна замена за Израел.
Можно е Виена да биде домаќин на Евровизија догодина, имајќи предвид дека израелската државна телевизија КАН побара пари од државата за организација на Евросонг, но министерот за финансии одби да стави средства на располагање.
Израел мора да уплати кауција од 12 милиони евра на швајцарска сметка како гаранција дека ја прифаќа организацијата на Евровизија.
Рокот за уплата истекува утре, 14 август и ако тие пари не се најдат на сметката, ќе се бара друга земја што ќе го организира изборот, а Австрија, која беше домаќин пред две години, е подготвена повторно да ја преземе таа улога.
КАН сега се обрати и до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со молба државата да обезбеди пари за организација на Евровизија.