четврток, 19 ноември 2026
Најново

Израел пружи медицинска помош на четворица Сиријци

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Израелските војници во средата пружиле медицинска помош на четворица Сиријци кои биле ранети на сириска територија недалеку од линијата на раздвојување на Голанската висорамнина, соопшти израелската армија.Израелската армија тврди дека двајца од ранетите се префрлени во израелска болница на дополнително лекување, а двајца се вратиле во Сирија.Ова се вторпат израелски војници да им даваат лекарска помош на Сиријците, забележува Reuters. Минатиот месец седум Сиријци, исто така, беа на лекување во израелска болница.На источните падини на Голанската висорамнина, која Израел ја окупираше во Блискоисточната војна од 1967 година, се судираат силите на сирискиот претседател Башар ал-Асади силите на бунтовниците кои две години се обидуваат да го соборат од власта.
МакфаксИзраелските војници во средата пружиле медицинска помош на четворица Сиријци кои биле ранети на сириска територија нед

Поврзани вести