Израел соопшти дека го уништил најголемиот тунел на Хамас

Израелската армија соопшти дека го уништила најголемиот досега откриен тунел на Хамас во Појасот Газа, јави ДПА.

Тунелот со неколку краци, што беше пронајден на север од крајбрежната енклава кон средината на декември минатата година, беше уништен во последните недели, соопшти денеска ИДФ, пренесена од германската агенција.

Армијата објави и видео снимки на кои се гледа како делови од тунелот се разнесуваат и војниците фрлаат бетон на други негови делови.

ДПА наведува дека оваа информација не можеше да добие независна потврда.

Пронајдете не на следниве мрежи: