недела, 15 ноември 2026
Најново

Израел утре ќе ослободи 110 палестински затвореници, од кои 33 отслужуваат доживотна казна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во замена за утрешното враќање на тројца заложници цивили, Израел ќе ослободи 110 палестински затвореници, од кои 33 се на доживотна затворска казна за смртоносни напади.

Израел не ослободува затвореници во замена за ослободување петте тајландски заложници, бидејќи тоа ослободување е под посебен договор меѓу Хамас и тајландската влада, пренесе Тајмс оф Израел.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Палестинската екстремистичка група Хамас претходно ги соопшти имињата на следните тројца заложници што утре ќе бидат ослободени од Појасот Газа како дел од договорот за прекин на огнот.

Петмина тајландски работници киднапирани од Израел, исто така, најверојатно ќе бидат ослободени.

Ослободувањето заложници е согласно договорот за прекин на огнот, кој ги прекина борбите на 19 јануари по повеќе од 15 месеци војна.

Во почетната шестнеделна фаза од договорот, 33 израелски заложници треба да бидат ослободени во замена за 1.904 палестински затвореници од израелските затвори.

Седум заложнички веќе се ослободени според договорот. Уште три ќе бидат ослободени в сабота.

Поврзани вести