Познатото телевизиско лице Лила Филиповска знае како вистински да ужива. После уживањето на море водителката се посвети и на македонските убавини, кои мора да признаеме ги имаме во изобилство.
Сите ги сакаме местата каде што можеме да си ги наполниме батериите и вистински да уживаме, едно такво место за Лила е токму нејзиното родно место, односно македонското село Виниче, каде што и го поминала детството убавата водителка.
Како што вели и самата во своите Инстаграм сториња Виниче е местото кое и буди спомени од минатото, спомени кои никогаш нема да може да ги заборави.
Виниче се наоѓа на 8км од Скопје, на 611 км надморска височина. На 2 август, селото го празнува празникот „Св Илија“, а Филиповска истакна и дека тие го празнувале додека бил жив нејзиниот татко.
Во дворот во кој преовладува зеленило и цвеќиња наликува на вистинска мала градина од која застанува здивот, вистински мелем за душа и рај за очи. И самата Лила на објаснување на една фотографија истакна дека тука најдобро ги полни батериите и дека таков мир нема да друго место.