Изјава на Таравари за најновиот случај од пожарот во Кочани

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја потврди трагичната вест за 60-тата жртва од несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој објави дека пациентот, кој имаше 40% изгореници по телото и потреба од дијализа поради сериозни проблеми со бубрезите, бил еден од најкритичните случаи. Дополнително, Таравари информираше дека има уште тројца пациенти во тешка состојба чии здравствени состојби се мониторираат.
„Утрово ни беше пренесена веста дека пациентот, кој беше хоспитализиран во Литванија, ја загуби битката. Тој беше на дијализа уште од 1 април поради отказ на бубрезите и имаше сериозни изгореници на 40% од неговото тело. Подолг период беше во критична состојба,“ информираше Таравари. Тој дополни дека уште неколку пациенти се во критична фаза и надежта е дека нема да има други фатални епилози. Пациентот починал и поради инфекција која се јавила како последица на големите повреди.
The post Изјава на Таравари за најновиот случај од пожарот во Кочани appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: