Изјавите дека вршам притисок врз колегите судии ги ценам како клевета на мојата работа, вели претседателот на Управниот суд

Лично како претседател на Управниот суд немам потреба да стравувам, односно не знам да стравувам за мојата работа да ја вршам одговорно. Датумите кои се спомнуваат како 15 јуни или други датуми ги гледам како денови во кои со личниот интегритет и капацитет ќе можам да придонесам за доброто на нашата земја. Истото можам да го кажам и за судиите од овој суд дека деновите, датумите ги гледаме како можности да придонесеме за поквалитетна правда во нашата земја“, рече Сејдини

Изјавите дека јас како претседател на Управниот суд вршам притисок врз судиите ги ценам како комплетни невистини, инсинуации и клевети врз мојата работа, изјави вечерва Бурим Сејдини, претседателот на Управниот суд на прес-конференција, коментирајќи ги изјавите на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, дел од коалицијата „Вреди“, дека тој вршел притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија за поништување на гласањето на парламентарните избори во одредени избирачки места.

Според него, ваквите изјави на јавните личности му штетат, како што рече, на имиџот на нашата земја во евроинтегративните процеси.

Бурим Сејдини, претседателот на Управниот суд на прес-конференција / Фото: Принтскрин

„Морам да напоменам дека совесно, согласно закон и со голема одговорност сум ја вршел мојата работа како претседател на судот. Истото го тврдам и за моите колеги и за стручната служба. Лично како претседател на Управниот суд немам потреба да стравувам, односно не знам да стравувам за мојата работа да ја вршам одговорно. Датумите кои се спомнуваат како 15 јуни или други датуми ги гледам како денови во кои со личниот интегритет и капацитет ќе можам да придонесам за доброто на нашата земја. Истото можам да го кажам и за судиите од овој суд дека деновите, датумите ги гледаме како можности да придонесеме за поквалитетна правда во нашата земја“,

рече Сејдини.

Управниот суд прогласи за неосновани три од седумте тужби на коалицијата „Европски фронт“ за решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од коалицијата „Твоја Македонија“ за поништување на гласањето на одредени избирачки места на парламентарните избори.

Управниот суд денеска ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1202 во Крушево на парламентарните избори 2024 година.

Ова е трета одбиена тужба, по претходните две денешни одлуки на Управен со кои ги одби како неосновани тужбите за избирачкото место 1194 во Општина Крушево и избирачкото место 1470 во Долнени.

Во тек се јавните расправи за избирачкото место 2101 во Желино и 1844 во Струга.

Во 20:30 часот треба да започне јавната расправа по тужбата за избирачкото место 1272 во Охрид, а во 22:30 часот за избирачкото место  1470/1 во Долнени.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на парламентарните избори 2024.

!function(f,b,e,v,n,t,s){if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};if(!f._fbq)f._fbq=n;
n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window,
document,’script’,’https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);

The post Изјавите дека вршам притисок врз колегите судии ги ценам како клевета на мојата работа, вели претседателот на Управниот суд appeared first on 365.com.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: