Иле Гочевски ќе биде постхумно одликуван

Работник на Брзата помош кој почина откако спасуваше повредени од дискотека ќе биде постхумно одликуван.
Постхумно ќе биде одликуван Иле Гочевски, возач на Брза помош, кој загина по трагичната несреќа во Кочани, од која превезуваше голем број пациенти, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

– Сите работевме тој ден повеќе од 20 часа. Немам информации колку часа работел возачот, но неспорно е дека направил огромна работа во транспортирање на пациенти. „Како министер за здравство планирам следната недела да му се јавам на неговото семејство и постхумно да му оддадам почит“, рече Таравари.

Пронајдете не на следниве мрежи: