ИЛИОСКИ ГО ПОБЕДИ ГРКОТ! Ќе се бори за злато на Европското кик бок првенство во Атина!

Со нокаут пред крајот на првата рунда, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши полуфиналниот меч на Европското сениорско првенство во Атина и обезбеди пласман во финалето за одбрана на шампионската титула и златниот медал од пред две години.

Илиоски, во категоријата лоу кик до 86 килограми беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис и борбата ја реши уште пред да заврши првата рунда, откако при водство со 3-0 го нокаутираше противникот.Финалето на македонскиот репрезентативец ќе биде утре или вo сабота.

Браво Боби!

Пронајдете не на следниве мрежи: