Или да ги избрише сите иредентистички траги, или Грција ќе ја блокира Северна Македонија во ЕУ

Грчкиот претседател вели дека „Грција е фактор на мир и безбедност на Балканот и во поширокиот регион на Југоисточниот Медитеран, и целосно и практично ги почитува европското и меѓународното право” и се стреми кон пријателство и соработка со сите соседи.
Грција ја поддржува европската перспектива на С. Македонија, но потребно е целосно почитување на меѓународното право и правилна имплементација на Договорот од Преспа, во спротивно ќе биде блокиран нејзиниот европски пат, вели грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во честитката до Грците по повод националниот празник 25 март, јави МИА од Атина.
Во писмената честитка, Павлопулос освен за важноста на празникот, ги споменува и т.н. грчки национални прашања, односите на Грција со Турција, Албанија, Македонија, како и кипарското прашање.
– Што се однесува на РСМ, ние ја поддржуваме нејзината европска перспектива. Но, предуслов за оваа перспектива, од нејзина страна е целосно и искрено почитување на европското законодавство, со тоа и меѓународното право во целост, а пред се Договорот од Преспа, што мора да се толкува и да се имплементира, според неговата содржина и духот, на начин што не остава ниту трага од иредентизам. Според тоа, секоја спротивна тактика, се подразбира, дека ќе го блокира европскиот интегративен напредок на С. Македонија, пишува Павлопулос во честитката.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.