Основачот и главен извршен директор на компанијата LVMH, Бернард Арно, го загуби второто место на листата на милијардери на Блумберг, откако беше претекнат од претседателот на Амазон Џеф Безос. Прв на листата и натаму е американскиот милијардер Илон Маск.
- Израелската армија им порача на жителите јужно од Бејрут да се евакуираат пред нападите
- Нови 67 случаи на грип во Македонија, вакцинирани вкупно 62.332 лица
- Тимот на Трамп сoставува црната листа
- Затварање на ФБИ, отпуштање на вработените! Протече неверојатен план: Што сака да направи Илон Маск? Прагматичните потези на супергенијот го запрепастија светот (фото)
- ПОБРУТАЛНО НЕ МОЖЕ: Владата одби да им помогне на 4.000 затрупани рудари во Јужна Африка!
- Раде Штекли објави фотографија по експлозијата на бомба
- Тешко повреден пешак во Куманово
- Кралот Чарлс денеска полни 76 години
- Анџелина Џоли привлекува внимание со својата елеганција во Њујорк, го промовира биографскиот филм „Марија“
Во моментов Безос е на второто место со 156 милијарди долари, додека Бернард Арно е трет на листата на милијардери на Блумберг со богатство од 155 милијарди долари, пренесува Блумберг.
Вредноста на имотот на Бернард Арно падна за 6,8 милијарди долари од средата кога LVMH соопшти дека нејзината продажба годинава се зголемувала побавно од очекуваното.
Падот на извршниот директор на LVMH на листата на милијардери на Блумберг ја одразува продажбата на луксузни стоки која е послаба во 2023 година поради падот на побарувачката во САД и тешкото економско закрепнување во Кина.
Спротивно на тоа, богатството на Џеф Безос порасна за 49,3 милијарди долари оваа година, бидејќи вредноста на акциите на Amazon се зголеми за 58 отсто во истиот период.
На чело на листата и натаму е американскиот милијардер и претприемач Илон Маск со имот вреден 234 милијарди долари. Акциите на Тесла пораснаа за 106 отсто оваа година, а Маск стана побогат за 96,8 милијарди долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.