Илон Маск планира следната година да вградува импланти во човечките мозоци

Илон Маск во вторникот соопшти дека неговиот невротехнолошки стартап „Неуралинк“ планира веќе од следната година да почне со вградување уреди во човечките мозоци, пишува „Сајентс алерт“.
Маск инвестираше околу 100 милиони долари во мистериозната компанија „Неуралинк“, во која се вработени некои од водечките невронаучни работници во светот.
Според него, „Неуралинк“ ќе им овозможи на субјектите да им се вгради мал чип во мозокот што ќе им овозможи да постигнат „симбиоза со вештачката интелигенција”. А постапката, вели Маск, ќе биде безбедна и безболна како процедурата за ласерска корекција на очите.

Основачот на SpaceXa смета дека таков систем може да се користи за лекување на невродегенеративни болести како Алцхајмерова болест или Паркинсова болест и на крајот може да ја “зачува и подобри” нашата функција на мозокот.
Додека некои експерти го фалат обидот на Маск да создаде нова генерација интерфејси помеѓу мозокот и компјутерот, други веруваат дека таков систем крие одредени опасности.
Лекарот Филип Хејлер, основач на Neuroboedback Neuroboost, изјави за „Бизнис инсајдер“ минатата година дека таквите системи доаѓаат со ризици, вклучувајќи и оштетување на мозокот, воспаленија и лузни

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.