Илон Маск се соочува со тужба од поранешниот шеф на Твитер, на кого наводно му должи повеќе од 128 милиони долари отпремнина.
Четворицата директори рекоа дека Маск ги отпуштил кога го презеде Твитер, сега X, без причина, а потоа измислил изговор да избегне да им ги даде парите.
Тие рекоа дека овој потег е дел од „поширока шема“ за одбивање да се плати поранешниот персонал, пренесува Би-Би-Си.
Маск го купи Твитер во 2022 година за 44 милијарди долари. Милијардерот се обиде да се повлече од купувањето, но на крајот го продолжи процесот под закана од тужба.
Потоа за неколку минути од потпишувањето на договорот ги отпуштил менаџерите меѓу кои и четворицата споменати директори.
Во тужбата се наведува дека Маск бил лут што бил принуден да го заврши купувањето и оттогаш двете страни се караат за парите.
Платформата Х претходно соопшти дека персоналот бил исплатен, а адвокатот на Маск не одговори на барањето на Би-Би-Си за коментар.
„Маск не ги плаќа своите сметки, верува дека правилата не важат за него и го користи своето богатство и моќ за да се пресмета со секој што не се согласува со него“, се вели во поднесокот поднесен во федералниот суд во Калифорнија.
Околу 20 луѓе кои работеа за компанијата во Гана во времето на преземањето, што се случи пред околу 16 месеци, изјавија за Би-Би-Си во февруари дека дури неодамна ги добиле парите што им следуваат.