Илон Маск сè уште е најбогат човек на светот!

Деновиве се појавија повеќе информации дека Французинот Бернар Арно, сопственик на голем број врвни модни брендови, меѓу кои и Луј Витон, стана најбогатиот човек на светот, со што го престигна основачот на Тесла и новиот сопственик на Твитер, Илон Маск.

Судејќи според индексот на милијардери на ,,Блумберг” и листата на најбогати на ,,Форбс”, Маск е на врвот на двете листи.

Според Блумберг, Маск има проценета нето вредност од 175 милијарди долари, а по него е Арно со 167 милијарди долари. Третиот е Индиецот Гаутам Адани со богатство од 126 милијарди, а во „клубот над 100 милијарди долари“ се и Бил Гејтс (114 милијарди), Џеф Безос (112 милијарди) и Ворен Бафет со богатство вредно 106 милијарди долари.

Ситуацијата на врвот на скалилата е „потесна“ во Форбс – меѓу Маск и Арно има разлика од „само“ 1,4 милијарди. Колку е всушност мала таа разлика, покажува и разликата во проценти: богатството на Арно е само 0,74 отсто помало од богатството на Маск.

Топ 5 најбогати луѓе во светот на Форбс се Гаутам Адани (133,7 милијарди долари), Џеф Безос (112,3 милијарди долари) и Ворен Бафет (106,3 милијарди долари).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.