Илјадници полицајци, војници и снајперисти – над 130 странски делегации доаѓаат на погребот на Папата

Ова е последниот ден на изложеноста на телото на папата Франциск.

Ватикан соопшти дека до околу пладне, 150.000 луѓе поминале пред неговиот ковчег, а уште илјадници чекаат во редица.

Од Ватикан велат дека ќе мора да ја затворат редицата во 17 часот и потоа ќе ги искористат следните два часа за да ги пропуштат последните луѓе пред целосно да ја затворат Базиликата за ритуалот на затворање на ковчегот.

На тој ритуал ќе присуствуваат само неколку лица. Тогаш ќе биде поставен бел чаршав преку лицето на папата, а разни предмети ќе бидат ставени во ковчегот пред тој да се затвори. Ватикан веќе се подготвува за утрешната погребна церемонија.

Се очекуваат 135 делегации, 50 шефови на држави, вклучително и претседателот на САД, Доналд Трамп, кралеви, кралици, принцови и многу, многу лидери и значајни личности. Се очекуваат околу 250.000 верници, можеби и повеќе. Ќе биде огромен настан, со масивни безбедносни мерки.

По погребот, ќе следи поворка со телото во ковчегот со возило низ Рим, околу шест километри, до базиликата Света Марија Маџоре, каде што тој сакаше да биде погребан.

Тоа беше негов избор. Таму ќе го чекаат 40 луѓе, 40 лица од скромно потекло. Ќе има жртви на трговија со луѓе, бездомници, затвореници со посебно одобрение, некои трансродови лица.

Секој од овие 40 луѓе ќе држи по една бела роза за папата Франциск.

Пронајдете не на следниве мрежи: