„Имав само 21 години, кога во 2001 година застанав да ја бранам татковината, денес осеќам дека сум се борел за две шаки лајна“!
Имав само 21 години, кога во 2001 година застанав добороволно на браникот на татковината. Заедно со илјадници мои врсници. Тогаш сметав дека извршувам некоја света задача, продолжувајќи го аманетот на генерации Македонци кои ја натопија оваа земја со својата врела и младешка крв.Во името на татковината нели? Млад војник. Дете.
Денес пишувајќи го овој текст осеќам дека сум се борел за две шаки лајна со кои е покриено моето лице, за едно литро горчлив пелин кој го пијам секојдневно, гледајќи ги крвниците преоблечени во наша армиска униформа како поклонуваат цвеќиња на убијците на моите браќа.
Денес Рада! Вчера Талат. Некогаш ВМРО денес СДСМ! Овие вториве без срам и гордо. Оние првите….Не битно….
Како имаш Радо лице да застанеш пред тоа лого и да се смееш? Тоа е логото кое нас младоста ни ја натопи со крв. Наши другари закопувавме од тоа лого. За вие денес да ни продавате политика, достоинство. Ќе го запрашам Стојанче Ангелов, како се осеќа кога ја гледа оваа слика од неговата министерка? И ти ја продаде куќата генерале!!!