Интересите на партиите пораснаа над македонските општи интереси па и сето ова ќе помине заташкано со суви лепешки во име на колективната амнезија и лудило. Ништо страшно нели? Денес со смртта на тие наши браќа се тргува политика, се крева и се руши рејтинг, се опипува пулсот на опонентот и се постила чергата за нови барања. Секоја им чест. Додека ние се грижиме за тоа кој ќе дојде на власт, и кој колкав рејтинг има во земјава, оние од Мала Речица, поставуваат стандарди кои во иднина тешко дека некој ќе ги сруши. Џабе плукаме по политичарите кои јавно побараа поделба на Македонија. Каква е оваа Македонија денес? Македонци, време да си подадеме рака и да заборавиме на разликите. Леви, десни, црвени и сини. Не плукаат и газат колективно како нација, не како партија или идеологија!
Не сме ниту усрано мултиетничко општество. Експериментот нема да успее над нас белите глувци. Во оваа земја има две одвоени општества за кои ние Македонците плаќаме цех во името на некаков си соживот кој никој не го бара од спротивната страна. Кај нив со години владее начелото на уцени од типот ,,Ние А вие НА’’!!
И после 19 години од потпишувањето на тој ништожен рамковен договор гледаме како стихијно Македонија умира, а веќе никој не се сепнува да застане и да и даде вештачко дишење. Колку да се прероди овој тежок период на национални срамови во името на некои посветли денови кои сите потајно ги посакуваме, а се побесчујно ги бараме.
Обична слика ? Тоа е само еден мал произовод од идиотизмот кој излегува од сервилноста да се доџапаш до таа проклета фотеља .
Кога во 2001 година присуствував на закопот на два мои погинати брата, во срцето осетив мала утеха од аманетот со кои ги испративме. Се сеќавам на зборовите кои им ги ветивме на паднатите борци, додека ја фрлавме свежата земја над нивните ковчези.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.