Имал проблеми во бракот, па си викнал проститутка: Кога видел која го пречека се шокирал

Еден човек ангажирал проститутка за заедно да ја минат ноќта во изнајмена хотелска соба. Меѓутоа, кога таа се појавила следел шок за двајцата. Имено, кога ја отворил вратата, несреќниот човек ја видел својата ќерка.
Нкуб, од Булаваја во Зимбамве, истакнал дека имал проблеми во бракот и дека поради тоа одлучил да изнајми соба во локален хотел, а потоа да повика проститутка.


-Жал ми е што го направив тоа. Разговарав со сопругата и ќерката. Се извинив поради моите постапки бидејќи сакав повторно да имам свое семејство. Мојата ќерка престана да го работи она што го работеше и се враќа на училиште следната година. Моите брачни проблеми не се готови, но сега имаме советник кој ни помага да минеме низ најтешкиот период од нашиот живот, истакна Нкуб.
Неговата сопруга во почетокот била многу лута, но потоа одлучила да му пружи втора шанса.
-Да не беа моите деца, можев оддамна да се разведам. Сепак, поради траумите кои децата ги доживуваат во текот на развдот, одлучив да останам, истакна неговата сопруга Розмери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.