Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар ја обвини Грција дека ги милитаризира островите во Егејското Море, кои според договорот треба да останат демилитаризирани и изјави дека Турција има право на самоодбрана.
Оваа ситуација ни дава право на самоодбрана и го доведува во прашање суверенитетот на островот. Кога го кажуваме ова, Грците прават галама за тоа, велат, го загрозуваме нивниот суверенитет – додаде Акар, а пренесува „Катимерини“.
Турскиот министер рече дека иако Анкара има „добри намери“, некои грчки политичари продолжуваат со провокативни акции и реторика.
Тие посегнуваат по разни средства за да ја клеветат Турција. Испаѓаат смешни со неосновани клевети кои немаат основа во логика и правда. Додека ние упорно ги каниме на состанок за да се реши проблемот, тие упорно избегнуваат дијалог.
Лажат дека Турција е таа која избегнува дијалог. Постојано се жалат од Турција до НАТО, ЕУ и САД за проблеми што можеме да ги решиме меѓу себе. Нашите билатерални проблеми се обидуваат да ги претворат во проблеми Турција-НАТО, Турција-ЕУ или Турција-САД – рече Акар.
Акар посочува дека Турција не е закана.
Турција е силен, сигурен и ефективен сојузник. Нашата цел е Егејското Море да биде море на мир и пријателство, во кое доминира стабилноста и правичната распределба на неговото богатство. И покрај тоа, одговоривме на секакви нефер и незаконски обиди на теренот и на масата, така ќе продолжиме и во иднина – изјави Акар.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.