„Овој домашен третман за совршени стапала ми го препорача козметичарката, а го правам секоја сезона пред носењето на отворени обувки“
По дебелите зимски обувки, стапала бараат посебна нега и грижа, за да ги подготвите за преминувањето од затворени во отворени обувки.
За да ги направите стапалата да изгледаат беспрекорно, потребно е да ги отстраните испуканите пети, жолтеникавата, здебелена и груба кожа, колку што е можно побрзо т.е за краткок временски период.
За денес ви откриваме неколку трикови кои ќе ви помогнат токму во реализирањето на таа цел.
Во продолжение следува домашен третман кој содржи 6 рецепти со сода бикарбона, која совршено може да се употреби за козметички цели, бидејќи неверојатно ефикасно прочистува, дезинфицира, лекува и ја омекнува кожата. Воедно помага и при воспаление и третирање на рани.
Домашен третман за совршени стапала
1. Купка со сода бикарбона и морска сол
За да ја омекнете кожата на вашите стапала, во мал сад поставете топла вода и додадете 2 супени лажици морска сол и 2 супени лажици сода бикарбона, измешајте добро, а потоа во добиената смеса потопете ги вашите стапала во времетраење од 7-8 минути.
2. Купка со сода бикарбона и сапун
За максимално прочистување на кожата, во 3 литри топла вода, разредете 2 супени лажици сода бикарбона и 2 супени лажици течен сапун. Потопете ги вашите стапала во купката и оставете ги да отстојат 10 минути.
3. Купка со сода бикарбона и масло
Доколку сакате да ја навлажните кожата и таа секогаш да биде совршено хидратирана, тогаш потребно е во 3 литри вода да растворите 2 супени лажици сода бикарбона. Додадете мало количество масло за готвење или неколку капки масло од портокал, лимон, лаванда или бадеми. Потопете ги стапалата во растворот. Третманот трае 10 минути.
4. Купка со сода бикарбона и млеко
Доколку сакате вашите пети да изгледаат совршено, а на допир да бидат бебешко меки, тогаш во 1 литар топло млеко растворете 1 кафена лажица сода бикарбона. Потопете ги стапалата во смесата и оставете да отстојат 10 минути.
5. Купка со сода бикарбона и кислородна вода
Доколку сакате да се ослободите од испуканите пети и грубата кожа, во сад со топла вода додадете 2 супени лажици кислородна вода (водороден пероксид) и 2 супени лажици сода бикарбона. Потопете ги вашите стапала во добиениот раствор 12-15 минути.
6. Купка со сода бикарбона и јод
За да ги излекувате раните или повредите на вашите стапала, во сад со 2 литри вода, додадете 2 супени лажици сода бикарбона и 2 супени лажици јод. Потопете ги стапалата во купката и оставете ги да отстојат 10 минути.