Имате ли вакви дупчиња на ушите: Многу се ретки, а еве што значат

Само 0,1 до 0,9 проценти од луѓето ги имаат овие мали дупчиња на ушите, медицински познати и како preauricular pits. И не, тоа не се дупчиња од пирс.
Првично, овие дупчиња биле опишани во медицинската литература во 1864-та година.
Низ годините било забележано дека жените ги имаат почесто од мажите, како и дека почесто се појавуваат над десното уво, отколку на левото.
Но, зошто само ретки луѓе ги имаат, односно се раѓаат со нив?
Овие дупчиња се формираат уште додека бебето се оформува во утробата на мајката.
Не се сметаат за генетско нарушување или абнормалност. Се формираат само ако некој друг во историјата на семејството ги имал.


Откако ќе бидат забележани од докторот или родителот, задолжително е да се направат испитувања, бидејќи може да укажуваат на дополнителни компликации, како на пример абнормалности на бубрезите или внатрешното уво.
Исто така, може да бидат направени и проверки на слухот.
Овие дупчиња всушност се дополнителен синусен тракт веднаш под површината на кожата.
Сè додека не се појават симптоми како црвенило, оток или чешање, овие дупчиња нема потреба да се третираат медицински или да се отстрануваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.