Има ли некој да го разбуди Мицкоски и да му каже дека е Претседател на ВМРО ДПМНЕ и Лидер на Опозицијата?

Има ли некој да го разбуди Мицкоски и да му каже дека е Претседател на ВМРО ДПМНЕ и Лидер на Опозицијата?
Има едно размислување помеѓу народот Македонски дека кога ќе дојдеш до нешто во животот на лесен начин без пот и труд, не се однесуваш одговорно и можеш многу лесно за брзо време да го загубиш! Христијан Мицкоски дојде на лидерското место релативно лесно без некој значаен придонес за партијата, ако не се земе во предвид катастрофалниот изборен резултат на локалните избори кога беше генерален секретар, тоа му е единствен позначаен “успех” како функционер на ВМРО ДПМНЕ! Избран на избрзан конгрес, анонимен за голем дел од Македонскиот народ, со наместени делегати, веројатно и самиот импресиониран што ќе е на челото на ВМРО ДПМНЕ на таков лесен начин! Со минорен, мал допринос за партијата!
Но, ве замолувам драги членови нека се најде некој од Вас нека го штипне, разбудете го, кажете, му дека не може и на така лесен начин сокривајќи се зад народот, органите на партијата, не преземајќи никаква лична одговорност да остане долго на лидерското место! Кажете му дека под Народ не се подразбира членство од 50-60.000 луѓе кои треба да дешифрираат што Мицкоски сака да каже! За да допре до останатите мора да биде јасен и прецизен! Му се гади веќе на овој народ од интелегентни професори без став и одговорност, кои сакаат да се претстават како авторитети, а не можат да усогласат став со свои најблиски соработници, па презентираат множества,  подмножества. Простото го прават сложено, за да може да се сокрие кукавичлукот! Како може да е за добро драги мои штабски глувчиња, единствено во државава Лидерот на Опозицијата да не каже свој личен став? За кого е тоа добро? За Мицкоски е тоа добро само до Недела 30.09, кога ќе излезе и ќе гласа против, затоа што во меѓувреме се поштедил од навреди и критики какви што добија Јанчев и Тодоров, тогаш ќе биде хаос, мислам во недела и тоа ќе го прогураат партиските ботови, но иднината ќе биде многу сурова кон Мицкоски и таквиот негов потег во историските денови на Одлука!
Мицкоски ништо не контролира во ВМРО ДПМНЕ ама убаво е кога твоиве партиски послушници, функционери те гушкаат, се сликаат, на секој марш пола исти луѓе, нешто што професорот Мицкоски ни во сон не го сонувал, пред две три години, но лажно е тоа професоре! Разбудете се! Јаве е! Сегашност е! Борба на Македонскиот Народ е!
ВМРО ДПМНЕ не е со него! Вие уште помалку!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.