На 17-годишна девојка и е одреден 30 дневен притвор за убиство на 16-годишно момче од селото Ново Село, Желино.
Првичната истрага на обвинителството покажува дека убиството се случило по вербална расправија меѓу двете лица, по што девојката физички го нападнала момчето со остар предмет, а потоа неговото тело го фрлила во реката.
Малолетничката во службен разговор со полицијата го признала делото, а покрај неа сослушан бил уште еден малолетник, но подоцна тој бил пуштен.
„Осомничената, 17-годишна девојка, со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години . По вербалната расправија во автомобилот кај местото викано „Бањиче“, таа со остар предмет го удрила оштетениот, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го фрлила во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежен јавен обвинител до судот достави предлог за определувањето мерка притвор“, наведуваат од Основно обвинителство Тетово.
Но, дали имало и трето лице во случајот?
Според информации на Алсат, сега уапсената девојка прво го остар предмет го повредила сега починатото 16-годишно момче, а потоа со завои го врзала за седиштето во автомобилот
Како што пишуваат од телевизијата, девојката се обидела и да го полие со бензин, но потоа веројатно се предомислила. Го извлекла од автомобилот и го фрлила околу стотина метри подолу во коритото на реката Пена.
Секторот за внатрешни работи Тетово нареди да се земат видео-снимки од уличните камери, за понатамошно расчистување на случајот, а од семејството е одземен автомобилот „ауди“ управуван од 16-годишникот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.