Има малку калории и го продолжува животот – Зошто е добро да пиете џин?

Доколку џинот е вашата омилена пијачка, имаме добри вести за вас.
Овој пијалак се прави од бобинки од смрека и е изум на Холанѓаните. Интересно е што ти го користеле за лечење на многу болести, најмногу на мочниот меур и бубрезите.
Токму бобинките се заслужни за здравствените својства на овој пијалак, бидејќи содржат флавоноиди кои ја подобруваат циркулацијата.
Покрај тоа, сигурно сте забележале и дека после една чаша џин, имате и поголема самодоверба. Само немојте да претерате со пиење.
Погледнете зошто е добро да пиете џин:
Бобинките од смрека се суперхрана
Англискиот збор за џин (gin) потекнува од староанглискиот збор за бобинки од смрека – „genever“. Овој збор, пак, потекнува од латинскиот „juniperus“.
Овие бобинки се вистинско суперовошје, спремно за борба против разни инфекции.
Повеќе антиоксиданти, помалку брчки
Бобинките од кој се прави џинот се полни со антиоксиданти. Поради ова, тие ги зајакнуваат и регенерираат клетките во телото и го подобруваат изгледот на кожата.


Има малку калории
Џинот е еден од алкохолните пијалаци со најмалку калории. Односно, во една чаша има само 97 калории. Сепак внимавајте – доколку го мешате џинот со нешто друго, како на пример тоник, бројот на калории се зголемува.
Бобинките од џинот го поттикнуваат лачењето ензими кои ја подобруваат дигестијата, па овој пијалак не предизвикува подуеност.
Го продолжува животот
Флавоноидите од бобинките ги спречуваат срцевите заболувања и ја подобруваат циркулацијата. Но, прекумерното пиење џин може да го има спротивниот ефект.
Помага кај болестите на бубрезите и црниот дроб
Бобинките го спречуваат собирањето вода во телото.


Кога пиете џин, вашето тело ќе исфрли повеќе вода од кој било друг алкохол. Со ова исфрлање вода од организмот се отстрануваат и многу штетни токсини и бактерии.
Добар е за коските
Џинот може да ги ублажи болките во зглобовите, а понекогаш да ја намали и хроничната болка.
Можете да пробате да ставите суво грозје во џин. Оставете го да отстои некое време и потоа секој ден јадете по неколку зрна.
Добар е за настинка
Маслата што ги содржат бобинките од смрека можат да ја ублажат кашлицата и да го поттикнат исфрлањето слуз.
Добро е што џинот можете да го мешате и со други билки, како ѓумбир, и со тоа да ја смирите и болката во грлото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.