Има речиси 100 килограми и грми како изгледа! Се прошета во Милано во проѕирен фустан

Сезоната на модната недела ширум светот официјално започна, а меѓу постојаните ѕвезди на модните писти е незаменливата Ешли Греам. Модната недела во Милано беше отворена во вторник, а плус-сајз моделот веќе се појави во италијанскиот моден епицентар. Оваа година Ешли Греам блесна и на пистата и во првиот ред на ревиите на луксузните брендови.Ешли Греам , позната плус сајз манекенка и вистинска икона на модната индустрија, повторно ги освои сите присутни со својот изглед и неодолива самодоверба.Каде и да се појави пука од харизма, а секое модно парче што го носи, без разлика колку е смело или провокативно, го изведува со леснотија и стил кој и одговара без разлика на нејзината тежина. Иако некогаш имала преку 100 килограми, сега се шпекулира дека има нешто помалку, иако не се знае со сигурност. Грми како изгледаЗа време на модната недела во Милано, Ешли уште еднаш покажа зошто е ѕвезда на модните писти и незаменлива личност во првите редови на најпрестижните модни ревии.На ревијата на модната куќа „Алберта Ферети“, Греам блесна во провокативна креација од новата колекција, која одлично ја истакна нејзината фигура. Таа носеше проѕирна црна тоалета од тенка, лелеава ткаенина, украсена со големи цветни апликации од тантела, со длабоко деколте.Смелата креација откри црна долна облека и го истакна секој детал од нејзината кожа, но Ешли успеа да се држи настрана од вулгарноста, благодарение на нејзината непобитна самодоверба.Комбинацијата ја заокружи со црни папучи на високи потпетици и штрас, додека нејзината вамп шминка со бордо кармин и потемни нијанси на капаците дополнително го зголемија впечатокот за елеганција и смелост. Таа, исто така, го освежи својот изглед со бојадисување на косата во потемна нијанса, давајќи ѝ на нејзиниот стил уште помистериозен тон.Иако провокативноста беше очигледна, Ешли Греам уште еднаш докажа дека е апсолутна кралица кога е во прашање носењето на најхрабрите модни креации, успевајќи и во ова издание да изгледа софистицирано и елегантно.

Пронајдете не на следниве мрежи: