Има само три години, а заработува милијарди

Принцезата Шарлот го привлекува вниманието каде и да се појави.
Досега повеќе пати покажала дека сериозно ја сфаќа улогата во кралското семејство и гордо знае да позира пред фоторепортерите.
Во текот на неодамнешното крштевање на братот, малата Шарлот повторно го украде шоуто, а девојчето кое има само три години, веќе заработува милијарди фунти.

Второто дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, вреди повеќе од своите браќа. Како што пренесува британскиот „Сан“, принцезата Шарлот заработува 3,8 милијарди фунти.
Според податоците на „Reader’s Digest“, нејзиниот постар брат принцот Џорџ вреди една милијарда помалку од Шарлот и тој наводно заработува 2,7 милијарди фунти.
Најмладото дете, принцот Луи, кој е роден во април, заостанува зад братот и сестрата по заработка, но се предвидува дека до својот прв роденден, на британската економија ќе и донесе дури 50 милиони фунти.


Овие пресметки се засновани на вредноста која кралските наследници ја носат на британската економија. Баш како „Меган Маркл ефектот“, модата на принцезата Шарлот е причината поради која таа вреди повеќе од своите браќа. Како што е случај и со нејзината мајка Кејт Мидлтон и тетката Пипа Мидлтон, се што малата принцеза ќе облече носи успех во продажбата.
Родителите се трудат стилот на принцезата да им го пренесат на своите деца. Така војвотката од Кембриџ често ги облекува своите наследници во облека од улични брендови, како што „Џон левис“, нешто што доведува до голема продажба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.