Ненадејното заминување на принцезата растажи милиони, а по нејзината смрт се откри дека таа составила тестамент уште порано, иако никој не очекувал толку брзо заминување.
Да не беше, толку неочекувано и болно, преселена во вечноста, „кралицата на срцата“ ќе го прославеше својот 65-ти роденден на првиот ден од јули. Да не се разведеше од Чарлс, вчера ќе прославеа 35 години брак. Да не се обидеше на несреќниот последен ден од август 1997 година да избега од папараците низ темен тунел, таа сè уште ќе беше најфотографираната жена на светот денес, во овој 21 век што не го виде. Наместо сето тоа, принцезата Дајана стана феномен, икона и божество, прославена повеќе по нејзината смрт отколку кога беше жива, кога таков третман ќе ѝ значеше многу повеќе.
Планетата застана кога на 31 август 1997 година, како гром ја погоди тажната вест дека принцезата Дајана го загубила животот во тешка сообраќајна несреќа во Париз. Како, зошто, кој е виновен?… Имаше многу прашања, од кои многу денес не добивме одговор. Како што времето минува, сè поизвесно е дека никогаш нема да добиеме.
И овој 29 јули, светот се сети на „свадбата на векот“, кога во 1981 година, во катедралата Свети Павле во Лондон, таа му го кажа судбоносното „да“ на Чарлс
Ненадејното заминување на „народната принцеза“ растажи милиони луѓе, а по нејзината смрт беше откриено дека таа составила тестамент уште порано, иако никој не очекувал дека толку брзо ќе стапи на сила. Се верува дека таа го напишала тестаментот кратко по разводот, финализиран во август 1996 година, кога нејзиниот имот бил проценет на повеќе од 30 милиони долари.
По намирувањето на долговите и плаќањето на даноците, вредноста на имотот се намали на 17 милиони. Најголемиот дел им припадна на синовите, принцовите Вилијам и Хари, кои можеа слободно да располагаат со своето наследство дури откако ќе наполнеа 30 години.
Лејди Ди не ја заборави хуманитарната работа на која беше многу посветена. Таа остави 1,4 милиони долари на фондацијата, која денес ја управуваат нејзините синови, а во неа беа префрлени и голем број вредни фустани и познати парчиња накит, колекции кои често ги користат нејзините снаи, Кејт Мидлтон и Меган Маркл.
Меѓу наследниците имало 17 деца на кои таа им била кума. Им оставила предмети со сентиментална вредност, вклучувајќи фотографии, уметнички дела и лични сувенири што внимателно ги чувала.
Принцезата Дајана и Пол Барел
Сепак, една неочекувана одлука привлече посебно внимание. Имено, принцезата Дајана се сети и на својот долгогодишен батлер Пол Барел, на кого му остави 70.000 долари, како знак на благодарност за неговата посветена работа и пријателство. Барел подоцна се најде во немилост кај Вилијам и Хари, кои го обвинија дека протекува доверливи информации за нивната мајка во медиумите, додека книгата што ја објави беше опишана како „ладен и отворен чин на предавство“.
Британските таблоиди, исто така, пишуваа дека батлерот „присвоил“ (украл) околу 300 предмети што ѝ припаѓале на Лејди Ди, во вредност од најмалку милион фунти, и дека подоцна ги продал. Нејзиниот брат, Ерл Чарлс Спенсер, подоцна се придружил на обвиненијата.
The post Името на човекот на кого принцезата Дајана му остави дел од богатството го шокираше светот: Таа слепо му веруваше, а тој ја украде и ја предаде! appeared first on Во Центар.



