Имотот на Мајкл Џексон повторно на продажба, цената пониска за 100 милиони долари

Имотот на починатиот американски пејач Мајкл Џексон „Неверленд ранч“ во Калифорнија третпат е на продажба по цена од 31 милиони долари, што е за околу 100 милиони помалку од цената по која се продаваше пред четири години.


Имотот од околу илјада хектари во близина на Лос Оливос се состои од главна зграда, три куќи за гости, езеро со водопад, тениски терени, штала и други објекти за сместување на животни.
– Значително пониската цена е последица на состојбата на пазарот за недвижности, изјави агентот Кајл Форсајт, кој го огласи имотот на Џексон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.