Импичментот не успеа: Јун Сук Јеол останува претседател, хаос во Јужна Кореја (видео)

Барањето на јужнокорејската опозиција за отповикување на претседателот Џун Сук-јол, поради одлуката за воведување воена состојба, денеска беше одбиено во парламентот во Сеул поради немање кворум, пренесува Јонхап.Барањето за импичмент на Јун уследи по неговата одлука да воведе воена состојба во земјата, што предизвика масовни протести.
No impeachment for South Korea’s president Yoon Suk Yeol pic.twitter.com/GGAfK1GGa9— Master Solo (@MasterSolo15) December 7, 2024
Џун воведе воена состојба во вторникот за да ги искорени, како што рече, „антидржавните сили“, обвинувајќи ја опозицијата за парализирање на функциите на владата со барањата за отповикување на владата и предложените буџетски кратења.


Во пресрет на денешното гласање, Џун јавно се извини и вети дека ваква избрзана одлука нема да се повтори во иднина.

Пронајдете не на следниве мрежи: