Емина Јаховиќ, позната пејачка, призна дека била лош работодавец, но дека пандемијата на коронавирус ја принудила да се промени.Сега, вели таа, станала подобра личност кон другите.– Се борев со корона, болеста ме направи посилна жена, но и подобра личност. Го намалив кругот на пријатели, станав помудра, посочувствителна, човек кој има разбирање за другите – изјави Јаховиќ.– Пољубезна сум кон луѓето и се трудам да се ставам во нивна позиција. Порано отпуштав соработници само ако ме погледнеа настрана, но сега веќе не го правам тоа. Научив да го контролирам моето его – изјави еднаш таа за Информер.Да потсетиме дека Емина неодамна откри дека има повреда поради која мора да паузира од тренинзите, а познато е дека пејачката редовно вежба во теретана и се грижи за исхраната.– Па добро сум, добро сум, фала богу. Во последно време имав многу проблеми со повредите. А 4-5 месеци не можев ни да тренирам, не бев активна. Ја повредив тетивата, но за среќа избегнав операција. Сега дојдов малку поради работа, поради албумот што треба да излезе некаде во октомври, а и поради медицински причини. Инаку, добро се чувствувам, многу работам. Во Турција сум, децата отидоа на море, јас дојдов во Белград – изјави таа за Блиц.
Пронајдете не на следниве мрежи: