Им дојдоа петте минути на стари предмети од „Икеа“

Иако шведската компанија „Икеа“ е позната по ниските цени на својот асортиман, некои предмети со текот на времето добиваат култен статус, па денес вредат многу повеќе отколку кога биле нови. Затоа, ако имавте на ум да се ослободите од нив и да ги замените со нови добро размислете. Старите фотелји, ламби и столчиња на онлајн-пазарите за стари работи може да вредат неколкукратно повеќе отколку кога биле нови.
На пример столчето „вилберт“ кое во 90-тите години вредеше 70-тина евра, денес се продава за 1.000 евра. Меѓу предметите што постигнуваат висока цена се садовите „нејлик“, кои се продаваат за 1.200 евра и софата „момент“ од 1985 година која чини 2.700 евра. Сепак, најдрастичен пример е столчето „оке“ на дизајнерот Филип Арктанер од 1944 година, кое, ако e сочувано, според „Дејли мејл“ сега може да го купите за 57.000 евра.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.