Пит Дејвидсон има нова љубов, а како што открива извор близок до актерот, тој е „многу среќен“. Ѕвездата на серијата „Бупкис“ и поранешен член на актерската екипа на „Сатрдеј најт лајв“ (Saturday Night Live) се заљуби во девојка која не е славна личност, а нивната врска, според упатените, е сосема поинаква од сѐ што Пит доживеал досега, пишува „Пејџ сикс“.
„Таа го почитува Пит и неговата желба за приватност“, вели изворот. „Иако врската е сè уште нова, на Пит навистина му се допаѓа оваа жена“.
Изворот додава дека мајката на Дејвидсон, Ејми Вотерс и сестрата Кејси „ја одобруваат оваа врска и се среќни што Пит изгледа среќно и исполнето“. Претставникот за медиумите на актерот сѐ уште не ги коментирал овие наводи.
Пит Дејвидсон, 31-годишен комичар, со години е на насловните страници поради неговите романтични врски со познати жени од светот на шоу-бизнисот. Неговата прва сериозна врска беше со Кези Дејвид, ќерката на познатиот комичар Лери Дејвид. Потоа следеа бројни романси со познати дами, меѓу кои и Аријана Гранде со која беше свршен, потоа Кејт Бекинсејл, Каја Гербер, Емили Ратајковски, Маргарет Квали и Фиби Диневор.
Најголемо внимание привлече неговата врска со Ким Кардашијан, која започна откако тие се бакнаа за време на заедничкото појавување на „Сатрдеј најт лајв“ во 2021 година. Двојката раскина во август 2022 година по девет месеци врска, а изворите тогаш тврдеа дека нивните зафатени работни распореди ја попречиле нивната романтична врска.
После тоа Дејвидсон беше во врска со актерката Медлин Клајн, но и таа романса заврши во јули минатата година, по неполна година. Тој неодамна отворено зборуваше за својот љубовен живот во интервју за „Пејџ сикс“, велејќи дека верува дека медиумите пишуваат толку многу за неговите врски бидејќи го сметаат за „грд“.
„Сите во Холивуд излегуваат со некого – погледнете ги Пол Мескал, Тими Шаламет, Бери Кеоган“, рече Дејвидсон. „Но, бидејќи сум грд, тие пишуваа за мене. Ме малтретираа пет години и ми го направија животот пекол. Тој додаде дека тој период бил „понижувачки и вознемирувачки“ за него.
Пронајдете не на следниве мрежи: