Носењето потпетици во јапонските фирми е наредба за сите работници, а сега тие се спротиставуваат на тие прописи. Дали во Јапонија жените се дискриминирани?
Според правилата тие мора да носат потпетици на работа за да бидат компетентно облечени. Сега тие одлучиле да се побунат и затоа организирале кампања против носење високи потпетици.
Јапонскиот министер за труд и социјална политика, Такуми Немото, им наредил на работодавачите да бараат од своите вработени жени да носат потпетици на работното место велејќи дека тоа е потребно и складно со работата.
Немото проговорил за оваа тема кога го прашале за коемнтар заради петицијата на група жени кои бараат владата да им забрани на работодавачите воведување на носење високи потпетици на работа.
„Потпетиците се социјално прифатени како нешто кое припаѓа во доменот на професионалото, потребното и прикладното“ – изјавил Немото.
Петицијата со потпис од многу Јапонки пристигнала оваа недела на неговата маса. Целокупната кампања против носењето на потпетици на работа ја нарекле #KuToo, што претставува игра на јапонските зборови “kutsu“ (обувки) и “kutsuu“ (болка). Оваа кампања се поврзува со глобаното движење #MeToo против сексуалното вознемирување и злоставување на жената.
Кампањата против носење потпетици во Јапонија ја започнала актерката и книжевничката Јуми Ишикава. Таа брзо добила поддршка од повеќе од илјада луѓе.
Инаку носењето потпетици во јапонските фирми е обврска на сите вработени, додека пак мажите мора да носат одела. Кампањата #KuToo повикува на “полежерен“ стил и ослободување од острите правила.
Меѓутоа, со оглед на ставот на министерот за труд и социјална политика, прашање е колку жените во Јапонија можат да го добијат тоа што го сакаат.