Им преостанаа само 48 часа: Нов голем проблем за Појасот Газа, започна фазата на буквален колапс!

Единствената онколошка болница во Газа ќе престане да работи најдоцна за 48 часа поради недостиг на гориво што ги напојува генераторите на струја, објави денеска Си-Ен-Ен.

Болницата ќе го прекине „поголемиот дел од своите услуги“, а преостанатиот дел ќе се затвори најдоцна во рок од 48 часа, што значи дека пациентите во Газа кои се подложени на лекување од рак ќе останат без потребната здравствена заштита.

Претходно, палестинските здравствени власти објавија дека болниците во Газа „влегле во фаза на буквално колапс“.

Израелските власти го прекинаа дотокот на вода, храна, струја и гориво во Појасот Газа набргу по почетокот на конфликтот со палестинската милитантна група Хамас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.